fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Куманово и Струмица се едни од најзагадените градови во Македонија

-

СДСМ денеска лицемерно зборува за квалитетот на воздухот и за некаква наводна гасификација која ќе ја правеле по теркот на Струмица и Куманово, кога во овие два града постои само фиктивна гасификација од која граѓаните немаат никаков бенефит, нема поквалитетен воздух, туку само се злоупотребува за лични богатења на партиски функционери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„СДСМ да знаеше како да се справува со загадувањето тоа ќе го направеше со Куманово каде 27 години ја имаат локалната власт, а не е подобра и состојбата и во Струмица. Токму овие градови се едни од најзагадените во Македонија. Во Куманово на пример, СДСМ систематски кумуваше на сообраќајниот и урбанистички хаос и депониите кои секој ден се појавуваа среде град кои придонесуваат за загаденоста. Како што гледаме СДСМ и локалната власт во овој град не мрднаа со мал прст, затоа што не знаат и немаат конкретни решенија и мерки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека проблемот со квалитетот на воздухот се решава со мерки за кои СДСМ нема капацитет да ги спроведе ниту на локално, ниту на централно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...