fbpx

Премиерот на Романија размислува да го отпушти министерот за правда

-

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека можеби ќе го смени министерот за правда на таа земја поради спорните уредби за декриминализацијата.

Таа уредба предизвика најмасовни антивладини протести од падот на комунизмот.
Според неговите зборови, уредбата, која требало да декриминализира одредени службени прекршоци, довела до поделба на Романците и додаде дека поради тоа министерот за правда, Флоријан Јордаке, би можел во наредните денови да остане без работа.

Масовни протести од минатиот вторник се одржаа во голем број романски градови откако владата соопшти дека ќе донесе уредба за декриминализација.

Демонстрантите во понеделникот вечерта се собраа пред претседателската палата во Букурешт, обвинувајќи го претседателот Клаус Јоханис за кризата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...