fbpx

Манчевски: Град Скопје нема предвидено пари за мерки против загадувањето

-

Дел од предлог-мерките против загадувањето на воздухот на Град Скопје се коректни, но има и такви што не одговараат на поднебјето на Скопје, а странските консултанти конечно го натераа Коце Трајановски да признае дека нема ништо направено за намалување на загаденоста на воздухот, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

– Сепак, главниот проблем останува. За спроведување на овие мерки, потребни се пари. Пари кои ниту Градот, ниту државата ги имаат предвидено во своите буџети за 2017 година. Ништо, ама буквално ништо од сето она што е предложено во овој документ не може да се спроведе согласно буџетот на Градот за оваа година. И не само тоа, туку и најголемиот товар за спроведување на мерките е на грбот на граѓаните на Скопје. Ова особено се однесува за најскапите мерки, кои согласно градацијата предложена од Градот, се со вредност која надминува 1 милион евра – вели Манчевски.

Тој додава дека за градоначалникот на Скопје е скапо да плати повеќе од 1 милион евра за намалување на загаденоста, а не е скапо да плати 6 милиони евра само за нови барокни фасади и 20 милиони евра за панорамско тркало.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...