fbpx

Педесетина туски војници и полицајци изнесени пред судот во Истанбул

-

Повеќе десетици полицајци и војници се изведени пред судот во Истанбул поради наводната вмешаност во неуспешниот државен удар, извршен во јули минатата година.

Светските агенции јавуваат дека 28 полицајци и 34 војници наводно ја презеле контролата над аеродромот во Истанбул „Сабиха Гокчен“ во ноќта за време на пучот.

Тие се обвинето за кривични дела против државата и се соочуваат со доживотна затворска казна ако бидат осудени. Дел од нив ги негираа обвиненијата, наведувајќи дека верувале оти учествуваат во воени вежби.

Турција го обвини исламскиот лидер Фетулах Ѓулен, кој живее во САД дека стои зад пучот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...