fbpx

Трамп ги критикува разузнавачките служби за извештајот за „руското хакирање“

-

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ги критикуваше американските разузнавачки служби на социјалната мрежа „Твитер“.

Трамп напиша дека поднесувањето на извештајот на разузнавачките служби за руското мешање во американските избори е одложено.

„Разузнавачкиот извештај за таканареченото „руско хакирање“ е одложено за петок, можеби и треба повеќе време за да изградат случај. Многу чудно!“, напиша Трамп.

Претставници на разузнавачките служи сепак тврдат дека нема одложување во распоредот за поднесување извештај.
Претставниците на неколку американски агенции, вклучувајќи ги ФБИ и ЦИА, веруваат дека руските хакерски напади биле насочени против кампањата на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, во полза на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Завршија натпреварите „Робомак“ и „Робомак Јуниор“ 2024

Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вчера заврши 12-тото по ред издание на натпреварот „Робомак“ (RoboMac). На овој натпревар учествуваа 22...