fbpx

Пронајдена и втората црна кутија од паднатиот руски авион

-

Втората црна кутија од рускиот патнички авион „ту-154“, кој во неделата се урна во Црно Море, е пронајдена и извлечена од морето, соопшти руското министерство за одбрана.

Министерството наведе дека досега се пронајде телата на 17 жртви.

Во потрагата учествуваат 45 бродови, 15 подводни дронови, 192 нуркачи, 12 авиони и пет хеликоптери. Вчера од морето беше извлечена една црна кутија од паднатиот авион, чија содржина во моментов се анализира во Москва.

Дешифрирањето на црните кутии со податоци од авионот, кој со 92 патника се урна во Црно Море по полетувањето од Сочи, би можело да трае неколку недели.

Досега се пронајдени повеќе од 1.500 делови од авионот, а третина од нив веќе се извлечени на површина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...