fbpx

Обама: Да можев, ќе останев претседател

-

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, тврди дека би добил и трет мандат за Белата куќа и смета дека нацијата и понатаму во голема мера ја прифаќа неговата политичка визија.

Според американскиот устав, една личност може да биде на претседателската функција само два четиригодишни мандати.

Обама, кој за околу три недели го завршува својот втор мандат, вели дека верува дека американската јавност и понатаму ја поддржува неговата напредна визија, иако Американците во ноември гласаа за Доналд Трамп, кој застапува политички спротивни ставови.

Претседателот на САД сподели дека е горд поради напредокот што е постигнат за време на неговите два мандати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...