fbpx

Анкета „Фактор плус“: 4,5 отсто предност за ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

-

За Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,6 отсто од гласачите, за СДСМ и за Коалицијата за живот во Македонија – 23,1 отсто, за ДУИ – 6,2 отсто, за Коалицијата за промени и правда – 6,1 отсто, за ДПА – 4,4 отсто, за Коалицијата ВМРО за Македонија – 1,3 отсто и за Движењето Беса 1 отсто, покажува анкетата што ја спровела агенцијата „Фактор плус“.

Од агенцијата наведуваат дека анкетата била спроведена телефонски, во периодот од 28 ноември до 2 декември оваа година, на 1.200 испитаници во сите изборни единици.

Истражувањето покажува дека 8,6 отсто рекле дека нема да гласаат, 9,3 не знаат за кого би гласале, 7,4 отсто одбиле да кажат за кого ќе гласаат, а 5 отсто избрале друга опција.

На прашањето „Дали ќе гласате на претстојните вонредни парламентарни избори“, 63 отсто од испитаниците одговориле потврдно, 13 отсто рекле дека нема да гласаат, 14 отсто биле неодлучни, а 10 отсто одбиле да одговорат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...