fbpx

Забранeта работата на 370 невладини организации во Турција

-

Министерството за внатрешни работи на Турција ги забрани активностите на 370 невладини организации, вклучувајќи ги и оние за заштита на човековите права и на децата, поради нивната наводна поврзаност со тероризам, соопшти турскиот заменик-премиер, Нуман Куртулмуш.

– Организации не се згаснати, туку се суспендирани. Постојат силни докази дека се поврзани со терористички организации. Се обидуваме да ги исчистиме државните институции од ѓуленисти. Во исто време се бориме против курдските екстремисти и со Исламска држава – рече Куртулмуш, додавајќи дека турските власти на повеќе различни фронтови се борат против тероризмот.

Како што јавуваат светските медиуми, 153 од 370 организации се сомничат за поврзаност со движењето на Фетулах Ѓулен, 190 за врски со Курдската работничка партија, 19 со левичарската милитантна група ДХКП-Ц, а осум со Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...