fbpx

Клинтон го обвинува директорот на ФБИ за поразот на изборите

-

Демократската кандидатка на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, го обвини директорот на ФБИ, Џејмс Коми, за нејзиниот пораз на изборите на 8 ноември.

Хилари Клинтон, на затворена конференција, со главните донатори на Демократската партија, соопштила дека анализите покажале дека изјавите на директорот на ФБИ влијаеле на крајниот исход од изборите. Дел од говорот „протече“ во американските медиуми.

„Постојат повеќе причини изборите, какви што беа овие, да бидат неуспешни, но нашата анализа покажа дека писмото на Коми до Конгресот, околу новата истрага, покренаа дилеми и сомнежи дека нешто сепак има“, изјавила Клинтон пред донаторите и истакнала дека во истиот момент се разнишала дотогашната позиција и сигурното водство на демократскиот кандидат.

Коми, 10 дена пред изборите, соопшти дека повел нова истрага за користењето на приватниот сервер на Клинтон за испраќање и за примање службена електронска пошта. Тој претходно во јули соопшти дека се запираат сите понатамошни истраги бидејќи е утврдено дека Клинтон не сторила никакво кривично дело.

Два дена пред изборите, по реакциите од Белата куќа за тоа дека директорот на ФБИ ја прекршил досегашната практика на бирото да не коментираат нецелосно завршени истраги, Коми излезе со ново соопштение во кое рече дека ФБИ останува на првичната одлука – дека нема кривично дело – и дека постапката околу електронската пошта се затвора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...