fbpx

Изјавата на Етингер отсликува комплекс на супериорност, оцени Пекинг

-

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Цунјинг, оцени дека изјавата на европскиот комесар за дигитална економија, Гунтер Етингер, кој кинескиот народ го нарече „косоок“, всушност отсликува комплекс на супериорност што го имаат „некои западни политичари“.
– Мислам дека изјавата, всушност, ги отсликува длабоко вкоренетите и збунувачки чувства на супериорност – рече Хуа Цунјинг.

Таа наведе дека се надева оти „тие луѓе“ ќе научат објективно да се гледаат себеси и другите и ќе научат што значи меѓусебното почитување и еднаков третман за сите.

Минатиот викенд на видеосервисот „Јутуб“ беше објавена снимка од обраќањето на Етингер пред лидерите на бизнис-заедницата во Хамбург, во кое тој го нарече кинескиот народ „косоок“.

Етингер во говорот рече дека германската влада е „толку збркана“ што би можела хомосексуалните бракови да ги прогласи за задолжителни, како и тоа дека многу жени добиваат работа само поради квотите, а не поради способноста.

Неговите изјави наидоа на осуда и беа посочени како расистички и хомофобични, а од него се огради и германската влада.

Етингер е член на ЦДУ, политичката партија на германската канцеларка Ангела Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...