Изборите, СЈО и мигрантите во фокусот на средбата на Хан со Димитриев

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, средбата со премиерот Емил Димитриев ја оцени како конструктивна и сеопфатна. На неа, како што напиша Хан на својот твитер-профил, било разговарано за исполнување на условите за веродостојни избори, спроведување на реформските приоритети и за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Конструктивна и сеопфатна размена на мислења со премиерот Емил Димитриев. Го истакнав исполнувањето на условите за веродостојни избори, реформските приоритети, поддршката на работата на специјалниот обвинител, миграцијата“, напиша Хан на „Твитер“.

Претходно, еврокомесарот имаше средба со претставниците на граѓанските организации, а во моментов во просториите на Делегацијата на ЕУ на средба со Хан пристигна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...