fbpx

ФЗОМ склучи договори со нови шест специјалистички ординации

-

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во зејава, кои станаа дел од мрежата на здравствени установи и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договор со приватните здравствени установи „Д-р Александар Манолев“ во Бутел, Скопје, „Вита мед-ЛД“ во Аеродром, Скопје, „Ехолаб плус“ во Гази Баба, Скопје, „Д-р Владо Хаџиев“ во Битола, „Калина“ во Струмица и „Медика Пењушкови“ во селото Ваташа, Кавадарци.

Фондот има склучено договор со 173 приватни специјалисти по медицина за кои годишно за исплата се предвидени 201 милион денари. Новите шест специјалисти кои склучуваат договор со Фондот за здравство ќе почнат со работа од 1 ноември 2016 година. За нив до крајот на годината за два месеци Фондот ќе исплати 864.000 денари, односно по 72.000 денари месечно по специјалист.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...