„Нема човек кој не смета дека врв на дегутантност се класичните обиди на СДСМ да ја злоупотреби трагедијата во која загинаа 22 луѓе. Како што наближуваат изборите и сигурниот убедлив пораз на СДСМ, паниката која иницира напади на некрофилија почнува да доминира на Бихаќка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Граѓаните знаат дека членовите и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа на терен, меѓу армијата и волонтерите, помагајќи им на настраданите во поплавените подрачја во страшната природна катастрофа. Но, ниту една лага од нивната некрофилска фабрика за афери нема да го промени фактот дека обиколницата е проектирана во време на СДСМ. Овој проект и сите последици од него, колку и да сакаат некрофилите од СДСМ, не може да го препишат на ВМРО-ДПМНЕ. На Бихаќка тоа добро го знаат и во очајна паника сламката на спасот ја бараат во повторување на една лага по стопати, надевајќи се дека ќе стане вистина. Не станува“, се вели во соопштението на владејачката партија.