fbpx

„Хромкест“ ја победи „Епл ТВ“ во САД

-

Популарниот гаџет на „Гугл“ со минијатурни димензии, „хромкест“, се чини дека е особено популарен меѓу американските корисници.

Според податоците на компанијата „Паркс асошејтед“, до септември годинава „хромкест“ држел 20 отсто од пазарот за прикажување мултимедијални содржини, со што се најде пред ТВ-сервисот „Епл“, кој држи 17 отсто. За споредба, минатата година „хромкест“ не беше ниту меѓу првите пет.

Околу 10 отсто од домаќинствата во САД поседуваат некој од уредите за прикажување содржини, а компанијата „Паркс“ предвидува дека тој процент до крајот на следната година ќе порасне на 25 отсто.

„Хромкест“ на „Гугл“ им овозможува на корисниците безжично прикажување на содржини од интернет на екраните на телевизорите или мониторите, а во САД се продава по цена од 35 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...