fbpx

Британскиот парламент затворен поради „хемиски инцидент“

-

Полицијата ја затвори зградата на парламентот на Велика Британија, а причината е „хемиски инцидент“ во објектот.

Како што јавуваат светските медиуми, се истражува „бел прав“ кој предизвикал паника во Лондон.

Супстанцата била пронајдена во писмо, испратено до еден од членовите на Домот на лордовите.

– Сомнителниот пакет бил испорачан до Парламентот. Полицијата која се наоѓа таму ја истражува содржината на пакетот – соопшти портпаролот на британската полиција, додавајќи дека лицата кои во моментот се нашле во објектот се изнесени на балконите, со цел да се заштитат.

Претставниците на Домот на лордовите се затворени на терасите на Вестминстер, додека внатре се истражува за каков бел прав се работи.

Исто така, затворени се вратите и прозорците, а има луѓе кои се затворени на терасата на покривот на објектот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...