fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Безидејноста и деструкцијата на СДСМ не поминуваат кај народот

-

„СДСМ единствено што знае и умее е да ја спроведува политиката на деструкција по наредба на аболираниот криминалец Зоран Заев. СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на жичарница на Водно. СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на арената „Филип Втори“, најавувајќи дека таа ќе се урне“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на Плоштад Македонија кој носи неколкукратно повеќе туристи во главниот град. СДСМ – Сорос и нивните сателити беа против изградбата на новиот објект на Македонскиот народен театар, кој сега ги има најмодерните услови за сценски изведби на Балканот и пошироко, факт кој е признаен од сите театарски работници во регионот. СДСМ – Сорос и нивните сателити беа против изградбата на Музејот на македонската борба и десетици други градби кои се места што се препорачуваат во странски списанија и кои ги посетуваат илјадници туристи.
Од СДСМ – Сорос не се очекува ништо друго освен насилство, палење, ограбување на институции и деструкција. Граѓаните ги прочитаа намерите на единствената партија предводена од аболиран криминалец и организацијата која учествува во иницирање нереди во кои најголеми жртви се граѓаните. Затоа СДСМ – Сорос ќе бидат катастрофално поразени на следните избори. Безидејноста и деструкцијата не поминуваат кај народот“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...