fbpx

„Шарената револуција“ најавува масовен протест в понеделник во 19 часот

-

„Шарената револуција“ ги повика сите слободоумни граѓани в понеделник, во 19 часот, на масовен протест пред Специјалното јавно обвинителство, бидејќи, како што велат, имаат обврска да го спасат СЈО од прангите на криминалците на власт. Организаторите велат дека поместувањето за еден час се должи на најавениот топлотен бран.

„На оваа корумпирана и криминална власт ѝ дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побргу да избегаат од правдата. Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. По денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту на следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме“, велат од „Шарената револуција“.

Оттаму велат дека иако прогонот врз демонстрантите продолжува, граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце бидејќи институциите што треба да ги бранат граѓаните, всушност, го бранат само криминалот на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...