fbpx

Собранието го изгласа Миноски за нов министер за финансии

-

Со 67 гласови „за“ и со 19 „против“, Собранието денеска го избра Кирил Миноски за нов министер за финансии.

Миноски, кој веќе даде и потпиша свечена изјава, доаѓа на местото на Зоран Ставрески, кој од здравствени причини поднесе оставка.

Новиот министер за финансии досега беше директор на Управата за јавни приходи, каде минатата година дојде од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат.

Миноски по свеченото преземање на функцијата изјави дека главен приоритет ќе му биде да создаде нови работни места, да ги зголеми економскиот пораст и инвестициите и да го унапреди стандардот на граѓаните.

На гласањето за избор на Миноски за нов министер за финансии му претходеше неколкучасовна расправа во Собранието, за работата на претходниот министер Зоран Ставрески и за неговиот придонес за економијата во земјава за време на неговиот мандат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...