fbpx

Аукција на обоените постери и жиро-сметка – следни солидарни акции на „Протестирам“

-

Освен акцијата во кафе-бар „Излет“, на која граѓани донираа 15.528 евра за поддршка на демонстрантите на „Шарената револуција“ што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави, демонстрантите најавуваат и други акции за собирање финансиски средства.

Така, една од следните акции ќе биде аукција на постерите со ликовите на политичарите што беа боени од демонстрантите за време на протестите: претседателот Ѓорге Иванов, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски.

Од „Шарената револуција“ велат дека поседуваат четири од шесте обоени слики од чија продажба средствата ќе бидат наменети за финансиска помош на казнетите демонстранти.

Од оваа граѓанска организација најавуваат дека е во процедура и отворање на жиро-сметка на која граѓаните ќе можат да донираат парични средства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...