Скопскиот бискуп Киро Стојанов денеска во 11 часот, ќе одржи прес-конференција во бискупската резиденција во Скопје, на која ќе ја презентира програмата за прославата „Денови на блажена Мајка Тереза“.
Настаните ќе се одвиваат од 5 до 11 септември, а се со повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица.
На конференцијата ќе се обрати и Валентина Божиновска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.