fbpx
Таг: светица

таг: светица

Народна банка објави како ќе изгледа кованата пара „Мајка Тереза“

Народна банка го објави изгледот на кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“, која ја пушти во оптек на 11 август по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица. Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.

Иванов: Македонија е горда на Мајка Тереза

Претседателот Ѓорге Иванов по повод денешната канонизација на Мајка Тереза рече дека земјата е горда што има сограѓанка светица. Тој информираше и дека македонската делегација, која имаше почесно место на денешниот настан, имала куса средба со папата Франциск, кој му потврдил на Иванов дека ќе дојде во Македонија. Премиерот Емил Димитриев рече дека канонизацијата на Мајка Тереза е голем настан...

Папата Франциск ја прогласи Мајка Тереза за светица

Папата Франциск пред стотици илјади граѓани на плоштадот Свети Петар во Ватикан ја прогласи Мајка Тереза за светица. Во тек е процесијата околу канонизацијата на светицата Мајка Тереза, а папата Франциск пред граѓаните читаше од „Светата книга на мудроста“. На прогласувањето во Ватикан присуствува делегација на Македонија во која се претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерката за...

Ватикан денеска ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица

Папата Франциск денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица. Предводник на македонската државно-црковна делегација на свеченоста во Ватикан е претседателот Ѓорге Иванов. На свеченоста, покрај Иванов, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска...

„Денови на Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември

Градоначалникот Коце Трајановски, директорката на комисијата на верските заедници, Валентина Божиновска, и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, денеска ја презентираа низата настани што ќе се одржат во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. „Деновите на Мајка Тереза“ ќе почнат на 4 септември (недела), кога и ќе биде прогласувањето за светица во Ватикан, а ќе траат до...

Kована пара „Мајка Тереза“ за колекционерски цели е пуштена во оптек

Народна банка издаде и пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“. Народната банка ја издаде оваа кована пара по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица кое е предвидено за септември оваа година. Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.  

На 11 септември родната куќа на скопјанката Мајка Тереза ќе се прогласи за светилиште

Прогласувањето на Мајка Тереза за светица, Скопската бискупија ќе го одбележи во септември, со манифестација наречена „Денови на св. Мајка Тереза“. Прогласувањето ќе се одржи на 4 септември во Ватикан, а прославата во Скопје ќе почне на 5 септември и ќе трае до 11 септември. Од 5 до 11 септември во Скопје ќе има серија хуманитарни активности, а централната манифестација ќе се одржи...

Бискупот Киро Стојанов денеска ќе ги најави септемвриските „Денови на Мајка Тереза“

Скопскиот бискуп Киро Стојанов  денеска во 11 часот, ќе одржи прес-конференција во бискупската резиденција во Скопје, на која ќе ја презентира програмата за прославата „Денови на блажена Мајка Тереза“. Настаните ќе се одвиваат од 5 до 11 септември, а се со повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица. На конференцијата ќе се обрати и Валентина Божиновска, директорка на Комисијата за односи...

Папата Франциск: Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица

Папата Франциск денеска и формално одобри Мајка Тереза да биде прогласена за светица на 4 септември годинава, истакнувајќи дека тоа ќе се случи 19 години по нејзината смрт. Неизвесно е дали церемонијата на канонизација ќе се случи во Калкута или во Рим. Според новинарката Јасмина Миронски, авторка на неколку книги за животот на Мајка Тереза, за Македонија, а особено за нејзниот роден...

Мајка Тереза може да биде прогласена за светица во 2016 година

Мајка Тереза може да биде канонизирана следната година, вели висок авторитет во Католичката црква, а според друг ова е само хипотеза, пишува „Хафингтон пост“. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ извести дека во вторникот архиепископот Салваторе Фисичела, претседател на Понтификалниот совет за промовирање нова евангелизација, им рекол на градските власти во Рим дека канонизацијата на калуѓерки била закажана за 4 септември...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...