fbpx

Нетранспарентоста – најголем проблем во спроведувањето на јавните набавки

-

Сите балкански држави се соочуваат со слични проблеми кога станува збор за јавни набавки, рекоа претставници од Коалицијата на граѓанските организации „Балкан тендер воч“ (Balkan Tender Watch), на конференцијата „Надзор врз јавните набавки: Ризици од корупција идентификувани од граѓанските организации“.

Набавките најчесто се спроведуваат од големи компании и најчесто најниската цена е единствениот критериум. Исто така, институциите многу ретко ги планираат набавките, не се транспарентни при спроведувањето, а тоа се само дел од проблемите кои предизвикуваат ризик од корупција во набавките.

Герман Филков, од „Центарот за граѓански комуникации“ рече дека во Македонија најслабата фаза во спроведувањето на јавните набавки е планирањето.

– Институциите прават годишен план за јавни набавки, но тоа е само формален документ кој е таму само затоа што законот така наложува. Голем дел од набавките се додавани подоцна – рече Филков.

Според него, најнетранспарентен дел од јавните набавки е реализацијата на договорите.

– Некогаш во договорите нема предвидено рок до кога треба да биде испорачана набавката. Во Македонија речиси ниту една институција не прави анализа за јавните набавки, дали треба нешто да се набави, количина и колку е добра понудата. На пример, многу институции набавуваат гориво за службените возила врз основа на тоа колку набавиле претходната година – рече Филков.

За сличен проблем укажаа и претставниците од  Хрватска, Србија и од Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...