fbpx

СДСМ: Дали криминалната власт крои нов ребаланс на буџетот?

-

„Во првите четири месеци од оваа година, капиталните инвестиции имаат катастрофална реализација од само 68 милиони евра. За да го прикрие колабираниот буџет, министерот за финансии Зоран Ставрески повторно ќе крати кај развојната компонента на буџетот, капиталните инвестиции“, се вели во соопштението на СДСМ.

Според опозициската партија, секоја година жртва на погрешно проектираните буџети се токму капиталните инвестиции.

– Никола Груевски со своите промашени политики свесно ја бутна Македонија во групата земји како Ангола, Руанда, Зимбабве и Нигерија, со недоволна транспарентност на државниот буџет (Open Budget index), за да може криминалната власт да ги троши нетранспарентно и криминално парите на граѓаните. Оттаму е и молкот во Министерството за финансии околу новиот ребаланс на буџетот – се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...