fbpx

Битолчани оставија сено за коњот на Филип Втори

-

Сено за коњот на Филип Втори оставија вечерва битолчани пред споменикот на античкиот владетел на плоштадот Магнолија, откако денеска група пензионери со црево со вода го чистеа постаментот од боите на „Шарената револуција“.

Битолчани кои протестираат против аболицијата на градоначалникот Владимир Талески велат дека и тие сакале да покажат како се грижат за коњот на античкиот крал.

– Донесовме сено за роднината на Букефал – рече еден од демонстрантите.

И вечерва битолчани во голем број, и покрај дождот, излегоа на протестите пред Општина Битола, барајќи оставка од Талески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пријави ја твојата песна – конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ отворен до 31 мај

До 31 мај, младите музичари имаат прилика да учествуваат на конкурсот за доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ кој во чест на фронтментот на легендарната рок група Екатерина Велика (ЕКВ)...