fbpx

Обиен штаб на СДСМ во Штип

-

Денеска бил обиен партиски штаб на СДСМ во Штип, од каде била однесена документација, потврди Владимир Милошев од општинската организација на СДСМ во Штип.

– Извршено е насилно влегување во партиските простории, направена е значајна материјална штета, претурена е целата партиска документација. Набргу ќе знаеме што недостига од документацијата – вели Милошев.

Од СДСМ не сакаат да посочат некого како можен сторител, единствено апелираат истражните органи да си ја завршат работата и да го откријат сторителот.

Ова е прв вандалски чин врз партиското седиште на СДСМ. Пред некоја година насилно беше влезено во седишето на ВМРО-ДПМНЕ и беше однесена партиска документација со списоци на членови.

Јавноста не беше известена дали се откриени сторителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...