fbpx

„Шарената револуција“ ја поздрави Петир: Дали во ЕУ аболирате криминалци?

-

Активистите на „Шарената револуција“ денеска направија герила-акција за европратеничката Маријана Петир која беше на ручек во ресторанот „Пелистер“ со пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Поддржувачите на „Шарената револуција“ се појавија со транспарент на кој пишуваше „Дали во ЕУ аболирате криминалци?“.

„Денеска го засоливме ручекот на европратеничката Маријана Петир, која околу пладне во ресторанот „Пелистер“ во Скопје дискутираше со жени од политичкиот живот во Македонија. Ја прашавме „Дали во ЕУ аболирате криминалци?“ Инаку, госпоѓа Петир пред неколку дена изјави дека излезот од кризата во Македонија се избори на 5 јуни, а ние не се согласуваме со тоа“, велат од „Шарената револуција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...