fbpx

СДСМ го поддржува протестот за поголеми работнички права

-

СДСМ изрази целосна поддршка на Првомајскиот проглас на потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и до сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.

„Програмата на СДСМ предвидува систем кој ќе обезбеди пристојни, безбедни и хумани работни места за сите работници во Македонија. Обединети со синдикатите и со здруженијата за заштита на работничките права, креираме работни места кои се трајното и одржливо решение на постојните егзистенцијални проблеми на граѓаните на Македонија. Со примена на принципите на праведност и на стручност при вработувањето и објективност при унапредувањето и при наградувањето на вработените во јавната администрација, ќе создадеме администрација ослободена од партиските спреги. Денеска, заедно со сите работници и работнички, го креваме гласот на протестниот марш“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...