fbpx

Киднапиран рускиот опозиционер Михаил Конев

-

Шефот на руската опозициска партија Парнас, Михаил Касјанов, денеска соопшти дека тројца непознати мажи киднапирале истакнат член на неговата партија.

Касјанов на својот фејсбук-профил напишал дека е киднапиран Михаил Конев, претседател на младинскиот разгранок на партијата.

Конев во моментот кога излегол од зградата на воената комисија во Москва бил втурнат во автомобил.

Касјанов на „Фејсбук“ објавил и фотографија од автомобилот на која се читаат регистарските таблички.
Тој додаде дека неговата партија бара итна истрага и ги повика властите да овозможат итно ослободување на момчето.

Копретседателот на Парнас, Борис Немцов, беше убиен во близина на Кремљ во февруари 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...