fbpx

Тепачка на синоќешниот митинг на Трамп

-

На синоќешниот митингот на кандидатот за претседателска номинација на републиканците, Доналд Трамп, во Питсбург, избил судир меѓу неговите приврзаници и противници, кои истовремено се собрале во центарот на градот, соопшти полицијата.

Додека приврзаниците на Трамп, по завршувањето на митингот, си заминувале, скандирајќи „Изградете го ѕидот“ (против имигрантите) и „Америка, Америка“, неколку стотици противници извикувале погрдни зборови и пцости. Двете страни најпрво вербално се судриле, а потоа и физички, на што реагирала полицијата и ги раздвоиле демонстрантите.

Полицијата во Питсбург соопшти дека неколку лица се полесно повредени, а меѓу нив има и припадници на полицијата. Сепак, не се откриваат повеќе детали за инцидентот.

Еден 18-годишен приврзаник на Трамп е префрлен во болница, откако еден од противниците му фрлил солзавец в лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...