fbpx

Вељаноски: Не постои уставна можност да се свика Собранието

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, преку соопштение информираше дека добил иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за поведување постапка за утврдување на одговорноста на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Вељаноски рече дека со Уставот не постои можност за повторно свикување на Собранието.

„Во консултација со стручната служба на Собранието, а во согласност со едногласната одлука на Уставниот суд на Република Македонија објавена во „Службен весник“ број 127 од 5 декември 2006 година, „со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“, пишува во соопштението на Вељаноски.

Претседателот на Собранието смета дека секој треба да одговара за своите постапки.

„На крајот, сакам лично, како човек и како пратеник, да истакнам дека ниту сум побарал, ниту ја прифаќам одлуката за аболиција на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Но, исто така, сметам дека секоја јавна личност и политичар, вклучувајќи го и претседателот на државата, треба да сноси одговорност за своите постапки и за своите одлуки“, пишува во соопштението на Вељаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...