fbpx

Првите сириски бегалци од Турција стигна во Германија

-

Првата група од 16 сириски бегалци денеска стигна од Турција во Германија, во рамки на спогодбата на Европската унија и на Турција за решавање на мигрантската криза, соопшти денеска германската сојузна служба за миграција.

Бегалците стигнале во Хановер со авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ и веднаш се префрлени во бегалскиот центар Фридланд. Германската служба соопшти дека станува збор за три сириски семејства, со пет деца.

Денеска пристига и втората група, исто така од 16 бегалци, додаде службата за миграција.

Паралелно со тоа, првиот турски брод со неколку десетини мигранти вратени од Грција, утринава стигна од грчкиот остров Лезбос во турското пристаниште Дикили, во согласност со спогодбата на Турција со ЕУ за решавање на мигрантската криза, кој стапи на сила на 20 март.

Според спогодбата, сите илегални мигранти кои од Турција ќе дојдат во Грција ќе бидат вратени на турска територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНТЕРВЈУ) Зоран Милошевски: Целта на научната фантастика е да даде едно поинакво гледиште на работите

Зоран Милошевски е македонски автор на научно-фантастични романи, вклучително серијалот „Последна граница“, кои го сочинуваат четири веќе издадени дела, а Милошевски моментално работи на петтиот и последен дел. Тој е...