fbpx

Јанкулоска на „Фејсбук“: Во обид да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси

-

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи,  на „Фејсбук“ го сподели своето мислење за случајот „Тврдина“, кој денеска Специјалното јавно обвинителство го отвори против неа и службеници во МВР за уништување на опремата со која се вршело нелегалното прислушување.

„Во обид повторно да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси. Отвориле истрага за расходувани неупотребливи предмети и наводна штета од цел еден денар!“. напиша Јанкулоска на „Фејсбук“ постирајќи ја утрешната насловна страница на „Вест“.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“ во која се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите.

Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни  работи Гордана Јанкулоска која се товари дека уништила опрема вредна 10 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...