Уште три лица се обвинети за членство во терористичка група, додека четвртото е ослободено од притвор, соопшти денеска обвинителството во Брисел.
Во соопштението на федералното обвинителство се објавени имињата на тројцата обвинети Јасин А., Мухамед Б и Абубакер О..
Во интерес на истрагата, обвинителството во моментов не открива повеќе информации.
Белгискиот министер за здравство денеска објави дека пораснал бројот на жртвите во експлозиите на бриселскиот аеродром и метро-станицата. Вкупно досега починале 35 лица.
Белгиските власти соопштија дека досега се идентификувани 28 лица, од кои 15 загинале на аеродромот. Шест од загинатите на аеродромот се Белгијци, а девет се странски државјани.
Од 13 загинати во метро-станицата, 10 се белгиски државјани, а тројца се страници.
Меѓу жртвите во терористичките напади во Брисел има Британци, Кинези, Холанѓани, Французи, Германци, Италијанци, Швеѓани и Американци.