fbpx

Тодоров најави нови тимови и возила за Итната медицинска помош

-

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска при посетата на базата на Итната медицинска помош во Поликлиника „Букурешт“ најави нови тимови, возила и повисоки плати за докторите од Итната медицинска помош во Скопје

– Од овој месец Итната медицинска помош во Скопје има нови и повеќе тимови, како и повисока плата за докторите, а во тек е и набавка на нови 12 возила – рече Тодоров и додаде дека тендерот е на 5 април, а новите возила би требало да пристигнат до крај на јули.

Министерот рече дека докторите кои работат во Итната медицинска помош, по извесно време на работење ќе може да заминат на специјализација, а на нивно место ќе се ангажираат нови доктори. На тој начин, според Тодоров, ќе се подобрува квалитетот на здравството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...