fbpx

Бомбашки напад на фудбалски натпревар во Ирак

-

Најмалку 41 лице загинаа, а 105 се повредени откако бомбаш-самоубиец синоќа се разнесе за време на фудбалски натпревар во ирачкиот град Искандарија, во близина на главниот град Багдад.

Како што јавуваат странските медиуми, бомбашот-самоубиец бил меѓу публиката. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава.

Европското првенство во Фудбал годинава се одржува во Франција, која минатата година беше мета на џихадистите од ИД. Терористичките закани им создаваат големи проблеми на домаќинот на првенството, посебно околу обезбедувањето на репрезентациите и на навивачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...