fbpx

Бројот на активни фирми е 70.139

-

Бројот на активните фирми во Македонија во 2015 година изнесува 70.139, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во структурата имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 23.843 субјекти или 34 отсто и преработувачка индустрија со 7.639 субјекти или 10,9 отсто.

Најмала застапеност имаат секторите рударство и вадење на камен со 173 субјекти или 0,2 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 160 субјекти или 0,2 отсто.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80,2 отсто имаат деловните субјекти со еден до девет вработени.

Потоа следуваат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10,4 отсто, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4,3 отсто, потоа субјектите со 20 до 49 вработени чие учество изнесува 2,8 отсто, со 1,9 отсто учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0,3 отсто од активните деловни субјекти имаат повеќе од 250 вработени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...