fbpx

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 22.254 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2016 година, изнесува 22.254 денари, а бруто-платата изнесува 32.642 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2016 година е поголема за два отсто во однос на јануари 2015 година.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите земјоделство, шумарство и рибарство (14,5 отсто), административни и помошни услужни дејности (9,7 отсто) и градежништво (8,7 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности (15,6 отсто), информации и комуникации (12,8 отсто) и преработувачка индустрија (7,2 отсто).

Во јануари 2016 година, еден отсто од вработените не примиле плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...