fbpx

Нова шлаканица за Турција: Не сте подготвени за ЕУ

-

Шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека верува оти ЕУ би можела да постигне договор со Анкара за надминување на бегалската криза, но оцени дека Турција во моментов не е подготвена да ѝ се приклучи на ЕУ.

„Јас сум умерен оптимист во врска со тоа дека ќе го заклучиме обврзувачкиот договор со Турција“, напиша Јункер на „Твитер“.

Тој најави дека не очекува Турција да стане членка на ЕУ во следните 10 години.

– Турција во моментов не е подготвена за влез во ЕУ. Мислам дека тоа нема да биде случај ни за 10 години – наведе тој.

Самитот на ЕУ е прва реална шанса за решавање на бегалската криза, изјави вчера во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел.

– На самитот на ЕУ постои можност в четврток и в петок да се постигне договор, кој првпат ќе создаде шанса за одржлив план за решавањето на бегалската криза во цела Европа – рече Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...