fbpx

Парите за породилно боледување ќе ги исплаќа ФЗОМ

-

Средствата за боледување и за породилно отсуство од март 2015 година во целост ќе ги плаќа ФЗОМ. Како што соопштија оттаму, без разлика дали фирмата во која лицето е вработено плаќа или не плаќа придонеси, корисникот ќе добива пари од Фондот. Право на надоместок за породилно отсуство ќе имаат сите вработени без разлика дали се на определно или на неопределно време и без разлика дали тој договор ќе им истече додека трае породилното отсуство. Ќе се воведе дисциплина и за фирмите за редовно и за навремено доставување на барањата за отворање на породилните отсуства и боледувања.

Право на надоместок за породилно отсуство ќе имаат лицата кои предходно без прекин биле шест месеци осигурани во фирмата во која работат, исто како што беше и досега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...