fbpx

Зоран Ѓорѓевиќ е нов министер за одбрана на Србија

-

Зоран Ѓорѓевиќ е новиот министер за одбрана на Србија. Тој доаѓа од местото државен секретар во истото министерство.

Ѓорѓевиќ го поддржаа 165 пратеници додека против беа осуммина. По гласањето, Ѓорѓевиќ положи заклетва пред парламентот.

На таа функција е избран по предлог на премиерот Александар Вучиќ наместо Бранислав Гашиќ, кого парламентот го разреши во февруари годинава, поради сексистички коментари кон новинарка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...