fbpx

Јункер ја брани политиката на Меркел кон мигрантите

-

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска изјави дека Европа прави прогрес во поглед на решавањето на бегалската криза и ја пофали германската канцеларка, која без разлика на критиките, и понатаму стои на својата политика.

Во интервју за германски „Билд“, во пресрет на самитот на ЕУ, на кој тоа прашање ќе биде една од главните теми, Јункер рекол дека историјата ќе ја потврди исправноста на либералната политика која Меркел ја води кон мигрантите.

Претседателот на ЕК рекол дека и поединечните потези ќе придонесат за решавање на мигрантската криза, но рече дека ќе биде потребно одредено време.

– Барем гледаме некои први чекори – рече Јункер.

Тој рекол дека шефовите на владите би требало да стојат на својата политика, дури и под притисок.

– Политиката кон мигрантите која таа и јас ја застапуваме ќе надвладее. Треба да се има политичка сила и да се каже, ние тоа го можеме. Сето останато е капитулација пред популистите – рече Јункер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...