Аргентискиот фудбалер Лионел Меси се запиша во историјата како најдобар стрелец во шпанското првенство на сите времиња, со постигнати 253 гола, престигнувајќи го легендарниот Телмо Зара, кој има постигнато 251 погодок. Меси постигна хет-трик на натпреварот во кој Барселона славеше над Севилја со 5:1.
Освен на првото место на листата на најдобри стрелци во историјата на Примера, Меси ќе има можност да го собори и рекордот на Раул по бројот на постигнати погодици во Лигата на шампионите. Меси, на 5 ноември, на натпреварот против Ајакс, го постигна својот 71. гол и сега има ист број погодоци како и Раул. Првата можност за соборување и на тој рекорд, фудбалерот на Барселона ќе ја има утре, од 20.45 часот, на мечот со Апоел, натпревар од петтото коло на група Ф во Лигата на шампиони.
Видео од сите 253 гола на Меси во шпанското првенство.