fbpx

Кирацовски: „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ од Груевски добиле 13 милиони евра за три години

-

„Никола Груевски ги корумпира „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ со пари од народот. Во последните три години, во овие телевизии завршиле 13 милиони евра“, објави денеска дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.

Според податоците што ги објави Кирацовски, телевизијата „Сител“ добила повеќе од 5 милиони евра, во „Канал 5“ влегле речиси 4 милиони евра, а во „Алфа“ повеќе од 4 милиони евра. Според Кирацовски, Владата, за истиот период од три години, за реклами, на телевизијата „Алсат М“ ѝ префрлила околу 200.000 евра, а на „Телма“ – 160.000 евра. Тоа е 35 пати помалку во однос на парите префрлени на другите три телевизии.

– Сега е јасно зошто се во скутот на Груевски и на власта: Ѕинго и уредниците на „Сител“, на чело со главниот и одговорен уредник, Драган Павловиќ Латас, Стојменов и уредниците на ТВ „Канал 5“, на чело со Лидија Богатинова, Јевросимовиќ и уредниците во „Алфа“, на чело со Коле Чашуле. Зошто овие телевизии 10 години ги лажат граѓаните, наместо да ја соопштуваат вистината! Зошто ги трујат граѓаните со виртуелна реалност што не постои додека речиси половина Македонија се исели, а мнозинството од неиселените живеат во незапаметена сиромаштија – вели Кирацовски.

Според Кирацовски, ова е причината зошто Груевски не сака да се договори за објективни медиуми.

– Ова што денеска го соопштив е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес. Затоа, без медиумска регулација избори нема да има. Новата влада во Македонија што ќе ја предводи СДСМ ќе овозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните, бидејќи само вистински информирани граѓани може слободно да носат одлуки за иднината на својата земја – додаде Кирацовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...