fbpx

Австријците сметаат дека бегалската криза ја загрозува ЕУ

-

Австриските граѓани сметаат дека Европската унија е загрозена поради бегалската криза, покажува истражувањето на Австриското друштво за европска политика (ОЕГФЕ).

Дури 78 отсто од Австријците сметаат дека иднината на ЕУ е „загрозена“ или „многу загрозена“.

Австриските граѓани се прашуваат која е оправданоста за постоењето на ЕУ кога не е во можност да реши проблеми како што е актуелната бегалска криза.

Речиси секој втор Австриец, односно 49 отсто, сака заедничко решение на земјите-членки на ЕУ, а 36 отсто се за национални мерки.

Тоа се одразува и на ставот кој овие граѓани го имаат кон Европска унија. Бројот на оние кои се за останување во Европска унија опаднал за 61 отсто.

Континуирано се зголемува бројот на оние што не можат да проценат дали членството преставува предност или не. Истражувањето покажува дека бројот на тие граѓани сега достигнал 19 отсто, вредност што никогаш не била толку висока од пристапувањето на Австрија во ЕУ во 1995 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...