fbpx

СДСМ: Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива

-

Цензурата на државната агенција МИА на веста дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресудил отштета на лустрираниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, ја прели чашата на пропагандата на Никола Груевски, реагираат од опозицискиот СДСМ.

„Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива. Државната информативна агенција МИА, која ја плаќаат граѓаните, се обидела да сокрие информација од истите тие граѓани. Од државната агенција МИА се должни да им кажат на граѓаните под чиј налог требало да ја сокријат веста дека според Стразбур не се задоволени условите за правично судење на лустрираниот претседател на Уставниот суд, Ивановски. Овој случај е уште еден доказ зошто Груевски не сака регулација на медиумите – бидејќи нема да може да ги контролира информациите што го потврдуваат неговото криминално, валкано, расипничко владеење“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...