fbpx

МВР вчера издало потврди на 1.842 мигранти

-

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.на 1.842 странски државјани, од кои Сирици се 1.025 лица, Авганистанци се 577 и Ирачани се 240.

Од почетокот на годинава до вчера, МВР издало потврди на 22.518 бегалци.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил поднесени биле пет барања за признавање право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...