fbpx

Кој кому наредил Заев да даде интервју на „Канал 5“?

-

Можеби некој ѝ рекол на Лидија Богатинова да ги ослободи медиумите, изјави за „Мета“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето кој му наредил да дојде на интервју во телевизија „Канал 5“, дилема што ја загатна главната уредничка на овој национален медиум.

Имено, во еден момент од интервјуто, додека разговараа за слободата на медиумите, главната уредничка на телевизијата, Лидија Богатинова, му рече на Заев дека „интервјуто немало да се случи доколку на Заев не му било наредено“.

„Како ми беше наредено?“, праша Заев, но дијалогот заврши без да се реши дилемата дали навистина некој и кој „му наредил“ на лидерот на опозицијата да се појави на провладината телевизија.

– Можеби ѝ наредиле да ги ослободи медиумите, а за тоа кој тоа ѝ го наредил, ќе ја прашате лично неа – изјави Заев.

Ист одговор на прашањето на „Мета“ даде и Богатинова.

– Прашајте го Заев. Одговорот е кај него – ни изјави таа по интервјуто.

Останува нејасно, и по изјавите што ни ги дадоа и Заев и Богатинова, кој, кому и дали „наредил“ да се направи ова интервју, кое лидерот на опозицијата го најави попладнево и на својот фејсбук-профил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...