fbpx

Груевски в понеделник во САД, а европратениците во Скопје

-

Премиерот Никола Груевски в понеделник патува во посета на Соединетите Американски Држави, каде, според најавите, ќе се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија (ЕУ), се очекува да бидат темите на кои во Вашингтон ќе разговараат Груевски и Бајден, пренесува „Утрински“.

Ова е втора средба на Груевски со американскиот потпретседател Бајден. Првата нивна средба беше во февруари 2011 година.

В понеделник, кога Груевски заминува во САД, во земјава треба да пристигнат европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, кои заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваа во постигнувањето на Договорот од Пржино.

Според најавите, европратеничката тројка в понеделник треба да има одвоени средби со потписниците на Договорот од Пржино.

Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, вчера потврди дека еврокомесарот Јоханес Хан ќе ја посети Македонија кон средината на јануари за да разговара за имплементирањето на Договорот од Пржино.

Најавената посета на Груевски на САД доаѓа во период кога истекуваат роковите кога тој треба да си поднесе оставка и да биде избрана привремена влада до изборите на 24 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...