fbpx

Две лица обвинети за тероризам, уапсени во Калифорнија и во Тексас

-

Две лица од Блискиот Исток, кои во САД стигнале како бегалци, уапсени се во Калифорнија и во Тексас под обвинение дека поддржуваат исламистички групации, соопштија денеска американски претставници.

Ниту еден од уапсените не е обвинет за планирање напади во САД. Еден е обвинет за поддржување на Исламска држава, а двајцата се соочуваат со обвиненија дека давале лажни информации за своите врски со меѓународни терористички групации.

Двајцата уапсени се Палестинци, родени во Ирак. Во судските документи се наведува дека во Хјустон е уапсен Фараџ Саид ал Хардан, кој во САД влегол како бегалец во ноември 2009 година. Во Сакраменто, пак, според податоците од американското министерство за правосудство, уапсен е Авс Мухамес Јунис ал Џајаб, кој во САД стигнал во 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...